Шилегов за Алсат со детали за проектот „трамвај“

0
83

Од пред Драчево до Бутел 2 и од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Ова се трасите по кои се планира да поминува ново најавениот трамвај. Тој немало да се движи ниту по шини, ниту на струја, туку на гумени тркала со погон на водород. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за Алсат открива детали дека на дел од трасата ќе се движи по таканаречената брза лента, а станиците за граѓаните ќе бидат направени на места каде сега има средишно зеленило на булеварите. На помал дел ќе се движат на бавната, односно на најдесната сообраќајна лента. Автомобили и други превозни средства на истата лента нема да може да се движат.

„На секои три до четири минути да имаме по едно такво возило на автобуска станица. Во план е да се набават 60 возила и тие ќе бидат соодветно распоредени на трасата. Наша претпоставка е дека може да дојде до супституција на 40 отсто од сегашните автобуски линии“, рече Шилегов.