Џонсон го моли Трамп да не се меша во британските избори

0
88

„Она што ние, како блиски сојузници и пријатели, не го правиме традиционално, е да не се мешаме во изборните кампањи“, рече Џонсон, чија Конзервативна партија според анкетите, може да очекува убедлива победа.

„Најдоброто нешто што можете да го направите, кога имате такви блиски пријатели и сојузници како САД и Велика Британија, не е да се мешате во изборите на другата страна“, рече тој за радио „ЛБЦ“.

Трамп претходно ги коментираше изборите, велејќи дека лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин би бил „многу лош“ за Велика Британија и дека Џонсон треба да направи алијанса со партијата ,,Брегзит’ на Најџел Фараж.