0
110

Протест под мотото „Стоп за извршители“, се одржа денес во Скопје, пред порта Македонија на кој јавно беше искажано незадоволството од работата на извршителите.

Активистот од организацијата “Стоп за Извршители” Марјан Ристески заедно со останатите незадоволни граѓани на протестот меѓудругото побара запирање на присилната наплата, отпис во целост на старите долгови и укинување на каматата.