19 ноември 1944, Ослободувањето на Тетово

0
225

Градот Тетово бил последниот македонски град ослободен во Втората светска војна со што целата територија на Македонија конечно била исчистена од окупациските сили.

По петдневни борби против силите на албанските балисти кај хидроцентралата „Матка“, селата Глумово, Групчин, Копачин Дол и Ларце, единиците на Педесеттата македонска дивизија и на Третата македонска бригада го ослободиле Тетово.

Во борбите учествувале и од Тринаесеттата, Четиринаесеттата, Деветнаесеттата македонска бригада, како и Егејската бригада.