3.965 евра штета во МНТ од „шверцер“ прославата која не е вандализам

0
147

Сметката конечно стигна. Речиси 4 илјади евра изнесува штетата во МНТ по настанот во театарскиот објект минатиот петок. Цехот и проценката на она што требаше да биде прослава на денот на албанската азбука, а беше промоција на документарен филм за навивачката група „шверцери“ – го кажа премиерот Заев од собраниска говорница. Беше прашан како владата дозволила такво нешто.

Откорнати тапацири на потпирачи на пет столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени пет подни светилки и дупки на теписон од цигари во вредност од 400 евра. Вкупната штета е 3.965 евра – кажа Заев.