Вработените од државните институции ќе се вклучат во голема акција за чистење, која ќе се одржи на 14-ти следниот месец, на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата.
Апелирам и до локалната управа и до институциите на општините да се приклучат на акцијата и заедно да помогнеме за почиста животна околина.Поради природата на работата, вработените во здравствениот и образовниот сектор, градинките, како и оние чијашто природа на работата не дозволува отсуство од работните места ќе се приклучат на акцијата со тоа што ќе ги чистат околините на своите институции“, рече Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администарција.