Академијата на Науките на Косово со реакција за „мал Шенген“: Тирана го негира српскиот геноцид, помогната од Албанците во Македонија

Академијата на Науките на Косово, реагираше за последните случувања во врска со регионалниот шенген.

Според Академијата со фактот дека албанската влада е дел од овој процес, и таа го негира српскиот геноцид над Косово.

Академијата на директен начин го напаѓа премиерот на Албанија, Еди Рама велејќи дека единствениот ефект од “малиот шенген“ е сериозното нарушување на односите Косово – Албанија.

„Соочени со внатрешни кризи и последователни неуспеси на реформските прашања и европските интеграции, со континуиран пораст на авторитаризмот и моќта на олигарсите, со кршење на правата за слободно изразување и опозициското делување, трите соседни држави на Косово, (Србија, Северна Македонија и Албанија) во последно време се актуелни во медиумите со еден договор кои треба да ги имитира важните работи на Европа, со таканаречениот балкански „мал Шенген“, произведувајќи го единствениот видлив ефект: Сериозно нарушување на односите Косово-Албанија и повредување на нашата чуствителност за овие односи“ се вели понатаму во реакцијата.