Амандманската расправа изгубена во преводот

Амандманската расправа за Изборниот законик се изгуби во преводот. Кирацовски ќе бара засилување на службите, кои изминатава недела успеале да преведат 3734 од вкупно 5899 амандмани поднесени од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Се надева дека работата ќе ја завршат до крајот на другата недела, по што ќе закаже седница. Во меѓувреме, ќе иницира јавна расправа наредната среда.

Ова е маневарска игра, реагира ВМРО ДПМНЕ. Тврди дека Деловникот не дозволува јавна расправа за закони предложени по скратена постапка.

Опозициската партија не вика цврсто „не“ за една изборна единица. Велат дека имале договор со СДСМ тоа прашање да се отвори по изборите, а не сега.