Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, се додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу 3 милиони евра, рече на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.
Како што посочи Ангеловска денеска се исплатени сите налози кои пристигнале од УЈП за поврат на ДДВ и дека на сметките на 16.600 граѓани ќе легнат околу 21 милион денари.
-Апелирам до сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на ДДВ. Над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и за овие 5 месеци скенирани се над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно – рече Ангеловска.