Апелација: Пресудата за „Титаник 2“ е целосно незаконита и неправилна!

Апелациониот судија Сафет Кадрии денеска појасни дека до крајот на неделата судот ќе објави детално соопштение во врска со укинувањето на првостепената пресуда за случајот „Титаник 2“.

Со оглед на големиот интерес на јавноста и бројните различни информации кои протекоа во текот на денешниот ден, Апелациониот суд Скопје го соопштува следното:

-По одржана јавна седница на ден 04.11.2019 година, Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.