Бабовски: Искористени максимално средствата од ИПАРД програмата

Оваа година е историска за искористување на средствата од ИПАРД програмата, со што државата првпат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.

Ова го соопшти директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Николче Бабовски, кој заедно со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврша увид во изградбата на новите улици во селото Караорман.

-Ова е прва година, кога парите не се враќаат неискористени назад во Европа, туку сите ги искористивме, максимално, историски момент, рече Бабовски.