Белата куќа нема да учествува во сослушувањето за импичмент

0
7

Белата Куќа соопшти дека нема да учествува во следната рунда на сослушување за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом чие мнозинство го чинат демократите. Ова го соопштија од Белата куќана истекот на рокот што одборот во Претставничкиот дом го одреди.

Во писмо до претседателот на Комитетот Џерол Надлерправниот застапник на Белата КуќаПат Киполон го опиша целиот случај со импичмент како целосно неоснован.

Сослушувањето е закажано за следната недела со цел одлучување на кое обвинување ќе биде опфатено во импичментот.