Бугарски политичар: Македонија ќе побара дел од Бугарија!

Коментирајќи ја расправата со Македонија околу македонскиот јазик, лидерот на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), Румен Пњетков, вели дека е прашање на време кога југозападниот сосед на Бугарија ќе побара деол од нејзината територија?!, пренесува expres.mk.

Ние инсистираме за инсистуционален став за ова прашање. Ни во Обединети нации, ни во Европска унија, нема белгиски или австралиски јазик, што тие земји и нивните жители нормално го доживуваат. Потребно е да се разјасни прашањето за заедничката историја, а сето останато е беспринципиелност на Бојко Борисов пред Брисел“, изјави Петков.
Според првиот човек на партијата основана во 2014 година од поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, на овој начин Скопје наскоро може да постави и територијални барања.

Територијалните претензии се само прашање на ден, смета Петков.