ВИДЕО) Борис Џонсон им служеше ручек на британските војници во Естонија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска им служеше празничен ручек на британските војници за време на посетата на мисијата на НАТО во Естонија.

За време на посетата на воената база близу Талин, Џонсон им посака Среќен Божиќ додека ги делеше нивните оброци.

Околу 850 британски војници се стационирани во Естонија и се најголемиот британски контингент во Европа.

Велика Британија игра клучна улога во мисијата на НАТО во Балтичко Море.

„Она што го правите е исклучително важно затоа што сите во нашата земја можат да го слават Божиќ во мир и безбедност токму заради тоа што вие го правите тука. Она што го правите покажува дека НАТО делува и дека ние во нашата земја сме апсолутно посветени на алијансата “, рече Џонсон