(ВИДЕО) Полицаец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар

0
97

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи кај Гостивар, во која еден полицаец загина а друг се бори за живот.

Од МВР соопштија дека околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар двајцата полицајци од станицата во Гостивар со иницијали П.Ѓ и Ф.Ш додека вршеле увид на сообраќајна несреќа, што претходно се случиле меѓу две возила, во нив удрило патничко возило Форд фокус. Ф.Ш е пренесен во болница во Гостивар а П.Ѓ починал.

Од слобода е лишен Р.Ш кој има 31 година и е од кичевско село Грашница. Тој го управувал возилото кое усмрти еден полицаец и уште еден со повреди е пренесен во болница. Неодамна на 21 јуни се случи слична сообраќајна несреќа каде што загина полицаец.

Тогаш автомобилот „БМВ“ ја пречекори дозволената брзината, и бил запрен од полициските сили. Во истиот момент на него налетува камион, и го удира со голема брзина.