Владата ги поддржа Колективниот договор и Предлог-законот за култура

0
173

Владата на денешната седница усвои Информација со која министерот за култура Хусни Исмаили добива овластување за потпишување на Колективниот договор во културата, а Министерството за финансии се задолжува да ги обезбеди средствата за оваа намена најдоцна до 1 јули 2020 година, соопшти вечерва Министертството за култура.

– Новиот закон во културата ќе се носи по 20 години и по 16 измени на текстот во изминатиов период, а со него се очекува да се придонесе кон унапредување и развој на остварувањето на културата во Република Македонија, унапредување на правната основа за развој на културните активности, надминување на актуелните проблеми во областа, рамноправност на уметниците независно од потеклото, етничката припадност, полот и друго, во создавањето на културата преку овозможување на еднакви права гарантирани со закон, соопшти Министерството за култура.

Раководството на Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) во вторникот, кога организираше предупредувачки штрајк во установите од културата, беше повикано во Министерството за култура на итен состанок, на кој им било соопштено дека средствата што ги бараат СКРМ и СОНК се одобрени од Владата, со тоа што одредбите по однос на плати би се спровеле од 1 јули 2020 година.