Владата денеска во Куманово ќе ја одржи редовната 171 седница

Владата на Република Северна Македонија својата редовна 171 седница ќе ја одржи во Куманово со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Во текот на целиот ден министрите ќе имаат повеќе активности на терен и средби со граѓаните.

Паркинг просторот кај поранешен „Кристал“ уште денеска е затворен од полицијата, каде се претпоставува дека ќе бидат паркирани владините автомобили.

Засега нема официјална агенда која е доставена за медиумите, но се очекува истата да пристигне до крајот на денешниот ден.

Станува збор за седници кои Владата ги одржува во повеќе градови еднаш месечно, а ова е трет град во кој претставници на централната власт ќе ги носат своите одлуки.