Владата на Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 168 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 168 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните. На предлог на Министерство за финансии на оваа седница ќе биде презентирана информацијата во врска со воведување на системи и алатки за автоматска контрола на валидност на даночното побарување и повратот на средства што ја подготви Управата за јавни приходи.

На предлог на истото министерство на денешната седница министрите во владата ќе се произнесат за предлог-одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2020 година. На оваа седница ќе се разгледа и информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. На денешната седница ќе се расправа и за Предлог-програма за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2019 година.