Власта и опозицијата едногласни: Екс специјалната јавна обвинителка не заслужува апанажа

Власта и опозицијата едногласно против апанажа за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. Пратениците на собраниската комисија за избори и именувања констатираа дека  од формално правен аспект не постојат причини за прифаќање на барањето за апнажа бидејќи таа не е избрана од Собранието. И опозициските пратеници и оние од власта го  изразија своето разочарување и дебатираа „дрскоста на Јанева да побара ваков надоместок од Парламентот, а претседателот на Комисијата Илија Димовски побара Јанева да проговори јавно и да каже кој бил сценарист за како што рече злоупотребата на СЈО.

Партиите постигнаа договор и за првиот човек на ревизорите и едногласно на собраниската комисија за избори и именувања  го предложија Максим Ацевски за главен државен ревизор. Ацевски е дипломиран економист од Велес, кој во ДЗР е од 2001 година до денес, а честопати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на заводот.