ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за повеќе од три години не спроведе ниту една реформа

0
157

Реакција на соопштението на СДСМ

 

Поминаа повеќе од три години како СДСМ е на власт, а нема ниту една реформа и мерка спроведена од нивна страна.

 

Не само што оваа влада не работи за доброто на граѓаните, туку без никаков срам се фали дека води грижа за стечајните работници.

 

Граѓаните на Република Македонија добро знаат дека стечајните работници се појавија како резултат на претходните влади на СДСМ. Сега со измените од Законот за стечајци, СДСМ се обидува на некој начин да се амнестираат од нивните претходни катастрофални политики.

 

Надоместокот кој стечајните работници кој СДСМ им го ветува е мизерен и не може да се обезбеди основна егзистенција за живот.