ВМРО предлага измени во законот за јазици

0
98

ВМРО ДПМНЕ ќе иницира измени на Законот за употреба на јазиците. Од партијата велат дека работат на изготвување на амандманите. Според нив, измените ќе бидат во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

Опозицијата очекува и СДСМ да ги поддржи амандманите. Но, социјалдемократите не ја коментираат иницијативата на опозицијата. Извори од Владата велат дека коалициските партнери ќе разговараат за изготвување на заедничка стратегија во согласност со препораките на Венецијанската комисија. Од ДУИ очекуваат СДСМ да се изјасни за амандманите на ВМРО ДПМНЕ, додека иницијативата на македонската опозиција ја сметат ЗА еднострана.

 

“Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија. Може да има различни толкувања за тоа како ќе се спроведат тие препораки. Од Венецијанската комисија велат дека додека постојат недостатоци на капацитети во судството, двојазичноста не треба да претставува пречка за постапките. Поради ова, нашите активности ќе бидат кон подобрување на капацитетите со цел двојазичноста да се спроведува во судовите, без создавање на проблеми. Тие амандмани се предложени кај СДСМ и социјалдемократите мора да одговорат на ова. Кога ќе бидат предложени кај ДУИ, ние ќе се произнесеме”.