Во пукањето во Тафталиџе ранет и внукот на сопственикот на продавницата

0
109

Убиството кое се случи вчера во продавница на улицата Московска во скопската населба Тафталиџе е извршено од страна на сопственикот на продавницата со иницијали В.Ш. (55), кој по расправија со пиштол пукал кон С.Д. (55) кој инаку бил негов зет за сестра. Лицето С.Д. починало на лице место, додека Ф.Д. (25), внук од сестра, бил погоден со куршум во десната нога и бил пренесен во Ургентниот центар.