Со Предлог-законот a се уредува данокот на моторните возила наменети за употреба на територијата на Република Северна Македонија во поглед на настанувањето, пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила, се уредуваат правата и обврските на обврзниците за плаќање на данокот на моторни возила и надлежностите на царинскиот орган во врска со данокот на моторни возила.
Со законските решенија кои се предложени по скратена постапка се предвидува досегашната акциза на патничките автомобили да се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила, во кој ќе се уреди оданочувањето на моторните возила.