Секој понеделник регулаторната комисија за енергетика носи нова одлука за промена на цените на горивата, па така овој понеделник регулаторната комисија одлучи горивата да поскапат, одлука која ќе трае се до наредниот понеделник кога ќе има нова одлука од регулаторната комисија.
Поточно со оваа одлука цената на горивата се покачуваат за половина и 1 денар, односно за ЕУРОСУПЕР БС-95 сега ќе изнесува 68,5 денари што е покачување од еден денар.
Додека за половина денар поскапува ЕУРОСУПЕР БС-98 кој ќе се продава по 70,5 денари за литар и 63 денари за литар за ЕУРОДИЗЕЛ.