ГРУБИ: ДУИ ЌЕ ОДИ САМА НА ИЗБОРИ

ДУИ ќе оди сама на изборите на 12 април. По седницата на централното претседателство на партијата Артан Груби изјави дека ДУИ нема да коалицира ниту со македонските, ниту со албанските партии. Но, ги повика албанските партии во опозицијата да се соединат за да не изгубат Албанците на следните избори.