Два нови земјотреси северозападно од Тирана

Два нови земјотреси од 3,1 и 2,2 степени се регистрирани денеска во Албанија на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој ги следи сеизмолошките активности во Европа.

Посилен земјотрес се случил во 3:04 часот на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на 32 километри северозападно од Тирана. Вториот земјотрес е регистриран во 18:45 часот на длабочина од 14 километри, со епицентар на 22 километри од главниот град.

Нема информации за евентуална материјална штета или за повредени лица.