Дел од жителите на Волково, Карпош и Аеродром утре без струја

0
93

Дел од с. Волково, поточно улиците: 21, 23, 79, 81 и ул. 100 Општина Ѓорче Петров) утре ќе бидат без струја од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Миле Поп Јорданов бр. 5а и бр. 40 и ул. Јуриј Гагарин бр. 25 и бр. 43. (Општина Карпош) ќе бидат без струја од 9.00 до 15 часот, додека од 13.00 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром).

РЦУК додава дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа на бул. Борис Трајковски, од 9.00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. Борис Трајковски (од крак 2 до крак 10) и Фабриката за цемент – Усје. (Општина Кисела Вода )

Исто така, поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул. Антоние Грубишиќ (кај кружниот тек), од 09.00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица односно потегот од ул. Наум Наумовски Борче до ул. Аминта Трети. (Општина Центар)