Драги Ѓоргиев: Односите Скопје – Софија се доведени во апсурдна ситуација

Откако БАН усвои став дека македонскиот јазик е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“, на повидок е нов тест на доброседските односи меѓу Скопје и Софија.

Нова бура беснее на релација Софија-Скопје, откако вчера Бугарската академија на науките (БАН) усвои став дека македонскиот јазик не постои и дека тој е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик”. Постапката на БАН е одговор на потегот на Собранието на МАНУ, кое на 3-ти декември усвои Повелба за македонскиот јазик, во која ги изнесе научно признатите факти за македонскиот јазик.