Експлодирана плинска боца причина за пожарот во зграда во центарот на Тетово

Едно лице се бори за живот откако плинска боца експлодирала во стан на вториот кат од зграда лоцирана во центарот на Тетово

Поради вдишување на чадот десет лица од зградата се обратиле за лекарска помош, но истите веќе се пуштени на домашно лекување.

Лицето со иницијали АС ма возраст од 24 години се здобиле со тешки изгореници од четврти степен.

По пружањето на лекарска помош во тетовската клиничка болница е препратен на скопските клиники, каде е под постојан лекарски надзор. Во пожарот освен станот каде живеел повредениот оштетени се и други станови.