Седум часа без електрична енергија денеска ќе останат некои од жителите на селото Усје и тоа од улиците 1, 4 и 6, лоцирани на крајот на селото. Прекинот во снабдувањето со струја ќе биде во периодот од 8.30 до 15.30 часот. Исто така во периодот од 8.30 до 11.30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и жителите од селото Ракотинци, а од 9 до 12 часот ќе немаат струја и корисниците од улицата 10 во селото Долно Соње. Во интервал од 9 до 11.30 часот прекин во снабдувањето ќе имаат и корисниците од улицата Јуриј Гагарин, од број 87 до број 99, во општината Карпош.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на градот Скопје информираат дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изведувањето планирани технички зафати во електросистемот на градот Скопје од страна на екипи на „ЕВН Македонија“.