ЗАГОВАРА ПОКРАТКА РАБОТНА НЕДЕЛА: Најмладата премиерка на Финска бара да се работи 24 неделно

0
148

Да, убаво прочитавте. Во Финска е можно да се воведе пократна работна недела и тоа благодарение на новата премиерка која е и најмлада во светот на чело на една влада.

Четиридневната работна недела, работниот ден од шест часа. Зошто тоа да не може да биде чекор напред. Дали работното место од осум часа навистина е ултиматива вистина? Мислам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со тие што ги сакаат, да имаат време за хобија и други апсекти од животот како што е културата. Тоа може да биде следен чекор за нас“ вели Марин.

Меѓутоа нејзиниот предлог не го прифати опозицијата, повикувајќи се на тоа што Истражувачкиот институт за финска економија го потенцираше продолжувањето на работното време како најефикасна мерка за унапредување на конкурентноста последните години.

Институтот објави дека 24-часовното зголемување на работното време има 4% влијание на вработеноста според уште актуелниот пакт за конкурентност. Прилагодувањето на работното време ја промовира вработеноста и конкурентноста на трудот, ги намалува трошоците и/или ја зголемува продуктивноста, велат оттаму.