Какви ризици носи бременост по 35-тата година

0
221

За жените кои размислуваат за бременост по 35 тата постојат неколку фактори на ризик за кои мора да размислат. Прв и основен фактор што плодноста се намалува со зголемување на возраста. Врвот на плодноста според експертите е меѓу 20 и 25 година, а по 30 постепено почнува да се намалува.  Намалената плодност поради возраста особено се поврзува со поретка овулација. Тоа пак може да биде поврзано со ендометриоза. Освен тоа по нередовни овулации може да дојде до отпуштање на на повеќе од една јајце клетка, што на повозрасните жени им ја зголемува можноста за близнаци.

Здравствената состојба пред бременоста е исклучително важна. Потребни се задолжителни редовни лекарски прегледи. Од голема корист може да бидат и  советувања, поврзани со генезата на семејството и историјата на болести на жената. Гинекологот знаејќи ги овие факти полесно може да утврди можни проблеми, пречки или компликации. Во поголемиот број случаи подоцнежната бременост е поризична отколку кај младите жени. Гинекологот е должен да и ги посочи можните ризици и за мајката и за детето.

Во оваа доба жените почесто имаат проблеми со репродуктивниот систем, како што се миоми, блокирани јајници или ендометриози. Покрај тоа, почесто се јавува и покачен притисок, дијабетес или проблеми со бубрезите отколку кај помладите трудници. Освен со болести, ваквата бременост често завршува со предвремено породување, царски рез или со мртвородено дете.

Поголемиот број спонтани абортуси се случуваат во првото тромесечие на бременоста, без оглед на годините на трудницата. Но сепак ризикот кај повозрасните од 35 години  е поголем: тој според една статистика изнесува 25% од случаите и е за 10 до 15 проценти повеќе од жените на возраст од 20 до 30 години. Зголемената појава на хромнозомските аномалии го зголемува ризикот од спонтан абортус кај повозрасните жени. Една од најчестите хромозомски аномалии кои се појавуваат поради зрелите години на мајката е и Дауновиот синдром. Но затоа сега има можности со современа технологија да се следи и тестира хромозомскиот статус во раната бременост. Но и покрај ризиците, голема е веројатноста ништо од сето наброено да не влијае на бременоста на жената и крајниот исход да биде добра  бременост, здраво дете и здрава мајка.

Извор МТВ