Карциномот ги зема животите на Македонските граѓану

0
96

Во земјава расте бројот на болни со најтешката болест, карциномот, велат бројките на Онкологија каде што има повеќе од пет илјади нови пациенти

-Има 5200 нови пациенти. Многу од нив се дојдени за само да им се потврди болеста. Од овие 5200 со метастатски карциноми доаѓаат релативно 20% до 23% од пациентите.Најмногу случаи годишно имаме со рак на дојка. Има и на гастроинтестинален систем, па гинеколошки, па рак на белите дробови. Кај карциномот на белите дробови годишно има инциденца и морталитет скоро ист, а за ракот на дојка драстично е намален морталитетот, а зголемена инциденца. Во мала фаза и рана фаза речиси никој не оди ниту на второ мислење, затоа што е рана фаза. На дојка е Т1 тумор, се вади и никому ништо“ кажа доктор Нино Васев, директор на Клиниката за онкологија.