Костадинов: Со СДСМ платите растат побрзо, за 2,5 години минималната плата порасна за 5.500, а просечната за над 2.800 денари

0
97

Трендот на раст на платите продолжува. Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната плата во октомври годинава изнесува 25.726 денари. Тоа е зголемување од 3,7 отсто или за над 900 денари повеќе од истиот месец лани кога таа изнесувала 24.817 денари Со СДСМ платите растат побрзо. Само за последниве 2 години и 5 месеци просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари. За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари. Во времето на криминалниот режим парите одеа единствено кон џебовите на фамилијата, се расфрлаа за споменици, лажен барок и жални врби. Затоа просечната плата, речиси и не растеше.Затоа минималната плата со години беше замрзната на 9.000 денари. Сега со одговорниот пристап на СДСМ парите завршуваат назад кај граѓаните. Веќе од овој месец, минималната плата ја покачуваме на 14.500 денари, што е зголемување за 5.500 денари или над 60 отсто, споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се огромни, значајни покачувања на минималната и просечната плата, изјави на денешната прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.