Курти за „Фајненшл тајмс“: Косово е поробено од внатре

Косово е „поробено од внатре“ поради корупцијата, вели косовскиот премиер Албин Курти за „Фајненшл тајмс“ и тврди дека е подготвен да го „остави настрана барањето за обединување со Албанија за зајакнување на економијата“.

Подигнување на косовската држава е поважен приоритет за него отколку припојувањето со Албанија.

Албин Курти фрлал солзавец во Парламентот, беше со години во затвор и го исмеваше знамето и националната химна на неговата млада држава- Косово. Денес, по повеќе од 22 години борба против системот, тој се подготвува да преземе контрола над него.