И покрај тоа што 185 илјади предмети за легализација на објекти стојат заглавени, Владата предлага ново законско решение за легализација. Министерот за транспорт Сугарески нема проценка колку нови барања за легализација би имало, но тврди дека законот не значи дека ќе се легализираат сите објекти, туку само оние што ги исполнуваат условите.
„Или треба да се легализираат или да се рушат. Зборувам за легализирање на оние кои што исполнуваат услови. Нема секој секаде да може да легализира. Тоа нема да се случи.“ – Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Но законот веќе ја разбранува пошироката јавност. Ниту една влада не успеа да го реши проблемот со дивоградбите. Се бара рушење, а не легализирање на градбите. Дел од познавачите сметаат дека новиот закон ќе оди во прилог на урбаната мафија која не легализира домови, туку деловен простор за експанзија на својот капитал.