Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ e најголемиот кочничар на иднината на граѓаните и иднината на нашата земја

Мораме да зборуваме прецизно и со факти, особено кога е во прашање заканата по иднината, а таа закана не доаѓа од никој друг, туку токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес сум овде пред вас за да објавам што се ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше и се обидува да закочи.Ова што ќе го чуете го прави ВМРО-ДПМНЕ најголемиот кочничар на иднината а нашата на нашата земја.

Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.