Мас против Макрон: ЕУ без Западниот Балкан е „недовршена“

0

Во одделни интервјуа за неделното издание на Франкфуртер алгемајне цајтунг Мас и Борел ги критикуваат ставовите на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на проширувањето.
Мас вели дека европскиот проект без Западниот Балкан ќе остане недовршен. Европа во тој регион не смее да си дозволи „несигурност и нестабилност“, затоа што тоа е прашање и за нашата безбедност.
„Политиката на проширување е и безбедносна политика“, вели Мас за ФАЦ, дополнувајќи „луѓето од Западниот Балкан припаѓаат кон нас, кон Европа“.
„Сега мораме да го одржиме ветувањето и заедно со новата Европска комисија да го туркаме натаму процесот на проширување на ЕУ“.