МВР МОЛЧИ КОЈА БИЛА УЛОГАТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ ВО ПУКАЊЕТО ВО „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС”

0

Молк од Министерството за внатрешни работи по однос на вооружената престрелка во хотелот Александар Палас каде учествувал и лице вработено ов МВР кој во моментот на настанот не бил на службена должност но употребил службено оружје.

Од МВР не откриваат ниту како полицаецот кој не бил на службена должност го искористил оружјето, ниту дали сторителите им се познати, единствено што споделуваат со јавноста е дека истрагата е во тек. Првичните и единствени информации кои ги споделија од МВР преку нивниот билтен се следните:

„Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), други три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале“. – се наведува во соопштението од МВР.