МНР: Во несреќата во Србија повредени 26 патници, повеќето од Радовиш

0
60

Во автобуската несреќа што изутринава се случи во Србија, на магистралниот пат Блаце-Белољин, повредени се вкупно 26 патници. 18 од нив се згрижени во болницата во Блаце, а 8 во Прокупље. Како што велат од таму, само едно лице е со потешки повреди и е згрижено во болницата во Прокупље.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е укажување на помош на повредените. Засега не е позната причината на несреќата, но според српските медиуми, на овој пат се спроведувала реконструкција во последниот месец , со различен режим на сообраќајот во зависност од работата.