Овој собраниски состав ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Премиерот ја прифати иницијативата на опозицијата за предвремена ратификација на членството во НАТО. Сепак, тој вели дека ќе чека до последен момент.
За опозицијата, клучно е да нема промена на датумот за избори. Потсетуваат дека и Црна Гора имала слично искуство
Опозицијата вчера до Собранието и официјално го достави предлогот, кој експресно беше препратен до Владата.
Вчера, и Алијансата на Села побара ратификацијата да се стави на седница на Собранието следната среда.