Новиот еврокомесар за проширување бара на пролет да се определи датум за преговори со Скопје и Тирана

Преговорите со Северна Македонија и Албанија за членство во Европската унија треба да започнат на пролет и така да се исправи грешката направена кон овие две земји во месец октомври, изјави новиот комесар за проширување на ЕУ, Оливер Вархели. Тој имаше неформална средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на која средба учествуваа и министрите од Македонија и Албанија.

 

„Дискусијата беше многу позитивна и јас сум уверен дека ќе можеме да ја исправиме грешката направена во месец октомври и преговорите да ги започнеме на пролет“-ицтакна Оливер Вархели, комесар за проширување.

 

И шефот на грчката дипломатија изјави дека паралелно со реформите во рамките на ЕУ, треба да продолжи и процесот на преговори со Скопје и Тирана.