Обвинителството по објавувањето на аудио снимки на „јутјуб“ , отвори предмет по допрен глас

0
89

На снимките повторно се слуша гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во случајот. Камчев во разговорите открива дека Луј Витон торбата со парите имала џипиес во рачката, но дека со сигурност не завршила кај Заев обвинителката Вилма Русковска за медиумите вели дека Камчев досега ниту еднаш не споменал таков податок.

 

-Не верувам дека имало ГПС. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа – вели Русковски

 

Од снимките исто така се слуша дека бизнисменот бил предупреден од премиерот да го пријави рекетот оти во спротивно и самиот ќе одговара.