Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет”, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.
Во вторникот на првото рочиште второобвинетиот Зоки Милевски- Кицеец по признавање на вина за делото „Примање награда за противзаконито влијание“ доби пресуда на затворска казна од три години.
По одлуката се огласи и обвинителката Вилма Русковска која рече дека е задоволна со изречената казна за Кичеец.
„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.Русковска истакна дека се уште не одлучила дали ќе вложи жалба за висината на санкцијата и за тоа ќе одлучи кога ќе ја добие.