Отворен Меѓународниот саем за енергетика и управување со води и отпад RENEXPO®

0
89

Саемот денеска и утре првпат се одржува во државава во организација на компанијата REECO International, која е организатор на саеми, изложби и конференции низ цела Европа.

Генералниот директор на REECO International Јохан-Георг Ром порача дека саемот е вистинското место за зголемување на инвестициите во зелената енергија и додаде дека во наредните два дена повеќе од 10 презентери и над 1.500 експерти ќе учествуваат на тркалезните маси, конференциите и дискусиите во рамките на саемот за да ги претстават своите трудови за планираните и спроведени проекти во секторите енергетика, заштита на води и управување со отпад.

– Бидејќи ова е прв ваков саем во Македонија многу странски компании се заинтересирани да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локаните претпријатија и институции, рече Ром и потсети дека претходно вакви саеми се одржале во Србија, пред шест години, и во Босна и Херцеговина, пред четири години.