Отфрлена иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување

0
73

Членот 11 од Законот за помилување не постои, па затоа законодавно-правната комисија ја отфрли иницијативата за негово автентично толкување. Гласањето беше едногласно иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се вклучија во расправата. Според мнозинството, помилувањата од 2016 година што ги даде екс-претседателот на државата Ѓорѓе Иванов заснована токму на овој член, биле незаконски. Затоа, според нив, ниту Уставниот суд не може да го оценува членот 11-а кој произлегува токму од членот 11 кој во тоа време му даде можност на претседателот Иванов да ги повлече помилувањата.

Не можеме да толкуваме член кој не постои. И другите партии почнаа да се будат од сон. Да го поддржиме ветингот кој треба да се направи на системот на нашата земја“-изјави Ејуп Алими, ДУИ.