Педофилот по кој трага цела Србија избегал во Бугарија заедно со 12 годишната Моника?

Полицијата сè уште не знае каде се наоѓаат 12-годишната Моника Каримановиќ и Нинослав Јовановиќ, за кого се верува дека ја киднапирал девојката , изјави директорот на српската полиција Владимир Ребиќ.

И покрај тоа веќе осми ден трае обемна потрага по повеќекратниот силувач Јовановиќ, кој ја киднапираше Моника Каримановиќ (12) на 20 декември во населбата Брзи Брод кај Ниш.

Неколку дена по исчезнувањето на девојчето, полицијата пронајде некои траги и го осомничи Јовановиќ. Се претпоствува дека оттогаш тие се кријат во селата и напуштени куќи. Полицијата, наводно, не ја исклучува можноста некој да му помога, но досега не се потврдени ваквите сомневања.