Илјадници возови, вклучително и 80 железнички линии меѓу Лондон и Франција, Белгија и Холандија се во прекин. Повеќе од 50.000 патници мораа да ги променат плановите за патувања, пренесува Индепендент.
Јуростар предупреди дека нивното сообраќање ќе биде значително блокирано во текот на следните четири дена, што ќе погоди уште 30.000 луѓе.
Во Париз воопшто не работат 10 од 16 линии на метрото, а четири линии обезбедуваат ограничена услуга.
Во Париз се уште сообраќајот е парализиран, оти петти ден по ред штрајкуваат сообраќајните претпријатија против плановите на претседателот Емануел Макрон за пензиски реформи. Макрон сака да спои 42 различни пензиски планови во еден пензиски систем, кој според него ќе биде поправичен и финансиски одржлив. Но синдикатите сметаат дека ова е напад врз францускиот начин на живот. Прекинати се линиите на метрото, а откажано е и сообраќањето на илјадници возови.