Плата 3.000 евра, само вратете се”: Нова мерка за Грците кои побегнаа во странство

Грците започнаа пилот проект, кој ќе се обиде да ги спречи и да ги поништи ефектите од „одливот на мозоци“, пренесува Times.

Според податоците на грчката Централна банка, 420.000 високообразовани, млади Грци ги напуштиле своите домови во последните десет години, поради тешката финансиска криза и побарале работа во други делови на светот.

Грчките власти очекуваат голем број локални фирми во следните недели и месеци да изразат интерес за вработување талентирани економски емигранти.

„Нема шанси грчките компании, кои сакаат да ги прошират своите потенцијали, да не сакаат да ги задржат тите таленти за постојано кога веќе ќе ги вработат“, изјави грчкиот министер за труд Јанис Вруцис.