Пола Венеција повторно под вода

Плимата во Венеција достигнала 139 сантиметр, а околу половина град е повторно под вода, пренесува „Спутник“.

Венеција ја погоди нов бран поплави само неколку недели откако тој историски град во Италија претрпе огромна материјална штета поради високиот водостој. Потенцијално критичната плима од 159 см беше предвидена за вчера, но ја спречи ветрот што дуваше од Јадранското Море, пренесува АНСА.

Нивото од 100 до 120 сантиметри над нивото на морето е честа појава во градот, но сè преку таа граница претставува ризик за градот. Во средината на ноември нивото на водата достигна 1,87 метри, што беше највисоко ниво во последните 50 години. Градоначалникот на Венеција изјави дека се оштетени куќи, продавници и историски споменици, а штетата се проценуваше на околу милијарда евра.